речник контакт

Одложено рочиштето за стечај на АД Црвени Брегови

Постигнат договор со доверителот, долгот да се плати. Кога тој ќе се плати, барањето за стечај ќе се повлече

Петар Печков

Денешното рочиште во Основен суд Велес, за отворање на стечај во АД Црвени Брегови – Неготино се одложи.  Ова е по постигнат договор помеѓу доверителот и должникот.  

Има договор за испата на долгот.  Кога ќе се исплати ќе се повлече  барањето за отворање на стечај. Сега се одложи рочиштето – изјави адвокат Гроздан Сутинов, застапник на доверителот.

На велешка фирма, АД Црвени Брегови, која има големи површини под лозја, му должи 27 милиони денари.  Во овој предмет има именувано и предстечаен  управник тоа е  Димитар Аџиев од Штип. Сметката на должникот била блокирана повеќе од два месеци.

Истата велешка фирма има доставено барање за одење во стечај и на АД Вардар Градско, каде побарува 54 милиони денари.   Рочиштето за овој предмет во Основен суд Велес е закажан за 2-ри февруари. И таму сметката е блокирана повеќе од два месеци.  И двете фирми кои се во предстечајна постапка се на Минчо Јорданов, кој важи за меѓу најбогатите Македонци. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »