речник контакт

Одложено снимањето на филмот „Јас сум од Титов Велес“

Снимањето на новиот филм на Теона Митевска, „Јас сум од Титов Велес“, е одложено за август, филмот требаше да почне да се работи во мај, но претпродукцијата налагала повеќе време.

Аница Солева

Снимањето на новиот филм на Теона Митевска, „Јас сум од Титов Велес“, е одложено за август, филмот требаше да почне да се работи во мај, но претпродукцијата налагала повеќе време. Снимањето на новиот филм на Теона Митевска, „Јас сум од Титов Велес“, е одложено за август. Филмот требаше да почне да се работи во мај, но претпродукцијата налагала повеќе време. Кастингот за филмот е завршен и интензивно се работи на деталите за продукцијата. Засега е познато дека ќе се снима во велешката Топилница и во фабриката „Керамика-нова“, а како екстериери ќе послужат повеќе места во градот. Главните улоги се доверени на актерките Ана Костовска, Николина Кујача и Лабина Митевска. Машките ликови ќе ги играат Петар Мусевски од Словенија, Џевдет Јашари и Јовица Михајловски. Продуцент е „Сестри и брат Митевски“. Директорка на фотографијата е Виржин Сен Мартин од Белгија, која има потпишано 30 значајни филма од европската продукција. Агент за продажба на филмот е една од најголемите агенции од Европа, „Баварија филм“ од Германија. Приказната на „Јас сум од Титов Велес“ зборува за три сестри од Велес кои живеат во хаосот на постсоцијалистичката транзиција. Трите сестри се обидуваат да преживеат, иако не се доволно подготвени за суровоста што ги чека. Неолибералната транзиција им ги има отворено вратите на новите богаташи, кои веруваат дека се\' си има своја цена. Славица, најстарата сестра, е веќе девет години на метадонска терапија. Таа е во очајничка потрага по сопруг што би ја одвлекол од мизеријата. Сафо е прагматична, подготвена на се\' за да стигне до посакуваната цел, додека Афродита има најмалку време за себе. Приказната се следи низ очите на Афродита. Во вкупниот буџет од 1.300.000 евра учествува францускиот филмски фонд „Суд“ со 130.000 евра, а Европскиот филмски фонд „Еуроимаж“ со 220.000 евра. Министерството за култура учествува со 30 отсто (400.000 евра), Филмскиот фонд на Словенија со 150.000, регионалните фондови со 150.000 евра. Извор: [url=www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=1DE8BA05C95BC4458E4981AD2B2F6E6D]Дневник[/url]

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »