речник контакт

Одобрени два ИПАРД проекти

Одобрени се две апликации за користење на ИПАРД фондовите во земјоделството во велешко,вредни 180 илјади евра.

Петар Печков

Прифатените проекти се однесуваат за обнова  и реконструкција на ладилник  во Неготино  вреден 170 илјади евра, додека вториот проект е од Градско и се однесува за инвестиција во лозарство, наводнување со систем капка по капка  со вредност од девет илјади  евра.

Од Агенцијата за поттикнување на развој на земјоделието во Велес, велат дека имало голем интерес од преку 30-тина земјоделци а  поради строгите критериуми биле прифатени само два. Земјоделците ќе можат за шест месеци да очекуваат поврат на половината, откако ќе ги  вложат средства.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »