речник контакт

Одржана 27 ликовно- керамичка работилница на Основното училиште „Маца Овчарова“ (фото)

Победник на работилницата беше дело, грнчарија на Дарија Трајкова од ОУ Васил Главинов од Велес

Петар Печков

Во просториите  на Европската куќа во Велес беа изложени делата од 27 Меѓународна Ликовно- керамичка работилница, која ја организира Основното училиште со  Ресурсниот центар „Маца Овчарова“ од Велес.

Изложбата е по  повод 3 Декември- Меѓународниот ден на лицата со попреченост. Темата на работилницата беше  ''Екологија''  и е со  инклузивен карактер за ученици со попречености од посебните основни училишта  од земјава и ученици од редовните основни училишта во Велес. 

Победник на работилницата беше  дело, грнчарија на  Дарија Трајкова од ОУ Васил Главинов од Велес. 

Трета година  по ред работилницата  е со меѓународен карактер и учествуваа ученици основци од Србија, Турција и Грција. 

Гостин на изложбата беше Евро амбасадорот Дејвид Гир.

фото ФБ /Европска куќа Велес

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »