речник контакт

Одржана првата велешка туристичка тура, од пробен карактер

Наместо класична посета на музејските објекти, обединети беа повеќе понуди во една целина, културно наследство, верски туризам, стара архитектура, историски објекти

Петар Печков

Се изведе првата пробна туристичка тура, за посета на знаменитостите на Велес. Таа имаше за цел промоција на значајните објекти во градот. Посетители беа учесниците на годинашнава скулпторска работилница „Папрадишки мајстори“.   

„Одржавме пробна градска туристичка тура со посета на повеќе знаменитости на Велес. Го посетивме Народниот музеј, спомен куќите на Рацин, Главинов, Џинот и Касапови. Создадовме поинаква концепција. Наместо класична посета на музејските објекти, ги обединивме повеќе   понуди во една целина. Имавме културно наследство, верски туризам, стара архитектура, историски објекти. Ги посетивме Којник, Мегдан, Долни дуќани,  старите велешки маала, соборниот храм Св. Пантелејмон, посветена на заштитникот на Велес, светецот лекар“  - кажа Маја Басаровска туристички водич, која ја организираше заедно со Народен музеј Велес.  Прошетката заврши со посетата на Спомен Костурницата.

„Низ оваа пробна туристичка тура, создаваме слика на Велес како култура оставина, со дела на  градителот Дамјанов,  зографите Зографски,  Хаџи Косте. Велес кој бил трговски центар на Македонија, со појавата на економска силна класа, таа создала повеќе убави куќи, градби   кои и денес се пример за старата архитектура, правени по европски терк. Со помош на оваа трговска класа се отвораат и првите училишта, со цел да се образуваат лица кои ќе работат во трговијата“- вели Басаровска.

Во Велес има туристичко биро, отворено со средства на ЕУ, но тоа е затворено три години. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »