речник контакт

Одржана четвртата по ред крводарителска акција на „Велес бајкинг“

Cобрани се 60 крвни единици од нив 4 првократни дарители

Петар Печков

Во крводарителска акција одржана денес, недела,  собрани се 60 крвни единици од нив 4 првократни дарители . Таа е ја организира здружението „Велес бајкинг“ a се одржа во Велешки театар. Така крводарителите од Велес одново ја докажаа нивната хуманост.

Ова е  четврта организирана крводарителска акција, од страна на ЗГ  „Велес бајкинг“.   Во ланската акција  на здружението,  беа собрани 67 а најуспешна беше таа од 2021 година, со  80 крвни единици.

Крводарителската акција заеднички ја спроведоа  ОО Црвен крст Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.

Во првата акција на  здружението „Велес бајкинг“. одржана во 2020 година собрани беа 34 крвни единици.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »