речник контакт

Одржувањето на Фестивалот на античка драма ,,Стоби,, неизвесно а Рациновите средби ќе се одржат но со скромен буџет

И во ревидираната финална распределба на средства на Министерството за култура, трите манифестации, значајни за градот и земјава останаа без средства

Петар Печков

Каква е иднината на трите значајни манифестации, кои се дел од живеењето на велешани, Рациновите средби, Фестивалот на античка драма Стоби и Фолклорниот фестивал Велес.  Оваа дилема доаѓа откако Министерството за култура  ниту со финалната, коригирана верзија не додели ниту денар за Фестивалот ,,Стоби,, и фолклорниот ,,Велес,, додека Рациновите средби останаа со 105 илјади денари.   Локалната власт, која беше нивен организатор, е во сериозна ситуација, како да се организираат  манифестациите за кои таа има одобрено средства но во мал обем, недоволни за одржување. 

Имам неформални ветувања дека за Рациновите средби ќе се одобрат дополнителни 500 илјади денари по други основи. Ако Рацин е еден од осново положниците на современата македонска поезија,  не е добро што државата праќа погрешна порака за значењето на Коста Солев Рацин. Со распределбата  на средствата излегува дека поважни од Рациновите средби се низа манифестации, дел со сомнителни културни и уметнички вредности - рече Коцевски. 

Годинава треба да се одржат 56-тите по ред Рацинови средби, кои имаа и Балкански карактер со учество на поети од регионот.   Затоа пак е неизвесно дека ќе се одржи 18-тото издание на Фестивал на античка драм ,,Стоби,, кој е заедно со сличен во Албанија се единствени на Балканот. 

Од Министерството за култура ми беше ветено дека при втората распределба овој фестивал ќе добие средства, тоа не се случи. Ниту пак велешки театар доби средства за претстава која ќе се игра на антички текст. Се плашам дека ако не добиеме средства дополнително, Фестивалот нема да се одржи и годинава ќе паузира.  Фолклорниот фестивал иако на доби ниту денар, секако ќе се одржи. Ќе бараме помош од бизнис заедницата, бидејќи тој е најпосетена манифестација во градот - додаде Коцевски. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »