речник контакт

Одрон на камења ја прекинаа врската Скопје – Велес

Три дена автопатот од Катланово до Велес повеќе беше во прекин, отколку што е нормализиран

Петар Печков

Одроните на камења на автопатот Скопје – Гевгелија на релацијата Катланово – Велес,  три дена го отежнува сообраќајот. Километарски колони, повеќе часовно чекање, нервозни патници, тоа е сликата на автопатот во должина од 30-тина километри.

Патниците лути што надлежните толку време не можат да се снајдат, тие пак предупредуваат  да се внимава за да не дојде до несреќи. Возилата се пропуштаа на одреден временски интервал, за да нема подолги колони, но и да можат патарите да исчистат дел од  сообраќајницата.

  Лошо  е на оваа делница, секоја година се повторува истата слика. Левата колона никогаш не е безбедна,  ме страв да возам по неа. Иако има сигурносна жица, камењата паѓаат на коловозот. Не можеме ниту максималната дозволена брзина да ја достигнеме од претпазливост при возењето. Ако се работи, нека  се направи целосна санација на црните точки, на каприте и еднаш за секогаш да се симне ова прашање од дневен ред. Зошто плаќаме патарина. Со години е исто – велат патниците.

Некои од нив трпеливо чекаа во огромната колона, други нервозно гледаа на часовникот, брзајќи да стигнат на договорената обврска.  За тоа време екипите на ЈП Македонија пат неуморно три дена работеа на санирање на одроните и чистење на камењата. Поставени се нови заштитни мрежи, за да се спречат нови одрони, кои се јавуваат во период на врнежи или температурни разлики помеѓу денот и ноќта.

Препорачуваме возачите да возат внимателно, таков е периодот.  Од мразот пукаат карпите, се јавува одрон, тоа е природна појава. Наше е навремено и брзо да стигнеме до местото каде се случува тоа и да ги отстраниме. Работиме максимално брзо и ефикасно, но овој терен е таков, каде има  многу потенцијални кризни места  – вели Стојан Попов раководител на пункт  Кула на ЈП Македонија пат.

На оваа делница последните години често се случува одрон на камења, но и големи карпи.  За среќа повредени ниту жртви немало, но имало оштетени автомобили а ова делница од Катлановскиот тунел до наплатната рампа кај  Слп има повеќе црни точки, поради одрони на камења.  Сообраќајот на овој дел се одвиваше со големи тешкотии и прекини од четвртокот попладне, до неделата попладне, кога се расчисти големиот одрон.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »