речник контакт

Одронот на карпи на железничката пруга за Битола ќе се минира

Можно возовите да сообраќаат дури од вторник наутро

Петар Печков

Железничкиот сообраќај од и кон Битола ќе биде во прекин најмалку до понеделник навечер, вакви се најавите од Македонски железници.  Ова откако нивните стручњаци извршиле проценка на одронот и како тој да се отстрани.   Решението било да се минира.

Станува збор за сериозен проблем од еден одрон и уште еден  камен блок кој се заканува да се сруши на пругата. За сабота, планирано е да се врши минирање а следните денови пругата да се расчистува. Очекуваме дека до понеделник навечер  ќе се заврши а сообраќајот да почне од вторник. Операцијата на расчистување  е ризична  - велат од ЈП МЖ Инфраструктура.

 Одронот на пругата од големи камени блокови е на делницата помеѓу железничките станици Мартолци - Стари Град а железничкиот сообраќај   од Скопје кон Битола и обратно е во прекин од средата попладне. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »