речник контакт

Оздравени се седум а ново заразени со ковид-19 во велешко се шест лица

Во велешко активни се 244 случаи во велешка Болница се 32 пациенти

Петар Печков

Во велешко седум пациенти се водат како оздравени а ново заразени се шест. Ова се податоците кои ги објави Министерството за здравство за денес недела. Во велешко активни се 244 пациенти а досега заразени биле 3.228 лица.

Во велешко како починати од последиците на корона вирусот се водат 107 лица.

Вкупно се хоспитализирани 32 пациенти, од нив на  Инфективно одделение се  31 а на Интерно еден.  Од лежечките пациенти 28 се потврдени позитивни, еден  пациент е сомнителен  и тројца со негативен брис но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се единаесет  пациенти. Испишани се  тројца пациенти како оздравени со по еден  негативен тест.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »