речник контакт

Он нет од април ќе стане фиксен оператор

Интернет провајдерот \"Он нет\" ќе биде првиот алтернативен фиксен оператор кој, почнувајќи од април, покрај \"Македонски телекомуникации\", на граѓаните ќе им нуди меѓународни разговори, разговори кон мобилните мрежи и обратно однадвор кон македонските корисници по евтини конкурентни цени.

Аница Солева

Интернет провајдерот \"Он нет\" ќе биде првиот алтернативен фиксен оператор кој, почнувајќи од април, покрај \"Македонски телекомуникации\", на граѓаните ќе им нуди меѓународни разговори, разговори кон мобилните мрежи и обратно однадвор кон македонските корисници по евтини конкурентни цени. Ова вчера го најави извршниот директор на \"Он нет\", Предраг Чемерикиќ, на одбележувањето на петгодишнината од основањето на компанијата. Фирмата што ќе му биде конкурент на \"Телеком\" е составена од три партнери, меѓу кои е и \"Он нет\". Чемерикиќ вели дека во тек се преговорите со надлежните од \"Македонски телекомуникации\" за интерконекција и се надева дека разговорите успешно ќе завршат за два до три месеци, пред официјално да почнат да ги даваат услугите во фиксната телефонија. Иако цените за интерконекција, односно за поврзување кон мрежата на \"Телеком\" сe уште не се официјално обелоденети, првиот човек на \"Он нет\" вели дека тие се високи, што е каректеристика на пазарите кои се либерализираат, но и покрај тоа, борбата на Интернет-провајдерот и другите негови партнери за да станат фиксен оператор продолжува. Мрежата е направена, остануваат само формалностите. На одбележувањето на петгодишнината од основањето, \"Он нет\" се пофали дека почнале да нудат АДСЛ низ цела Македонија, со помош на опрема на \"Моторола\", а Скопје е прв град во Европа која доби Wi-Fi мрежа. Наскоро во продавниците на \"Германос\", \"Он нет\" ќе понуди при-пејд пакет за многу брз Интернет за прилично ниска цена.(В.Г.) [url=217.16.70.245/?pBroj=1988&stID=60916&pR=6]http://utrinski.com.mk/[/url]

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »