речник контакт

Онегин премиерно пред велешани

Грандиозна, екстравагантна, раскошна, ваква е најавата за петочната премиера на ,,Онегин,, од Пушкин во велешкиот театар, за прв пат на македонските сцени

Петар Печков

  Грандиозна, екстравагантна, раскошна, ваква е најавата  за петочната премиера на ,,Онегин,, од Пушкин  во велешкиот театар. Оваа класика на светската литература за прв пат во Македонија, ќе биде изведена  во 19,30 часот на сцената на театарот ,,Џинот,,  во Велес а во режија на Ѕвезда Ангеловска. Таа одамна сакала да го постави романот во некој македонски театар, пред македонската публика а сега тоа и се оствари во велешкиот театар .

Оваа претстава е голем предизвик и голем ризик, не само за мене како режисер туку и за сите учесници. Романот е неверојатно емоционален  и затоа им благодарам на актерите кои се внесоа  во целост во претставата. Во неа има три елементи кои будат интерес, не како сценографско решение, гумените чизми, маските и водата, кои носат свои пораки и прашања на кои публиката ќе бара одговор  – вели  режисерката Ѕвезда Ангеловска.

Таа  ,,Онегин,, го поставила како типично актерска претстава, од кои се бара посебен труд, бидејќи романот е во стихови па од глумците  барала говорењето на стихот да биде ритмички и музички, што и од нејзиното актерско искуство било мошне тешко.

Ова е приказна за љубовта и болката која доаѓа по неа, приказна за животната вистина на Онегин, тој човек со недостаток на емпатија, кој страда од постојан немир, меланхолија и жал -  вели актерот Зафирчев кој ја толкува улогата на Онегин. 

Маја Љутков рече дека со оваа претстава созреала, додека Слободанка Чичевска се вратила на назад во најдобриот период  на актерството.   Покрај нив, во претставата играат, Роберт Ристов, Кети Борисовска, Кица Ивковска, Весна Димитровска, Славица Манаскова, Самоил Стојановски, Љубе Терзијев, Кирил Гравчев, Јордан Витанов и Едмонд Сотир. Сцената и костимите се на Валентин Светозарев, а изборот на музиката од  Чајковски  е на режисерката Ангеловска.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »