речник контакт

Опадна бројот на активни случаи со ковид-19 но и на згрижени во велешка Болница

Изминатите 24 часа нема регистирано нови случаи а оздравени се четворица пациенти.

Петар Печков

И бројот на активни случаи со ковид-19 и бројот на хоспитализрани во велешка Болница се намали. Во велешко има 17 активни случаи, изминатите 24 часа нема регистирано нови случаи а оздравени се  четворица  пациенти.

Во двете ковид одделенија од велешка Болница згрижени се осум лица. Нема испишани, нема ново примени.

„Позитивни се тројца пациенти, непотврден е еден и седум се негативно, но со потерба од болничко лекување.На кислородна поддршка се четворица пациенти“- кажа д-р Елена Левкова Ќулумова.

На Инфективно одделенеи се осум пациенти а на Интерно тројца. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »