речник контакт

Опаѓа бројот на позитиви случаи со ковид-19 во велешко но и две починати лица

Во двете ковид одделенија од велешка Болница згрижени се 19 пациенти, еден помалку од вчера

Петар Печков

И денес  во велешко  регистрирани се  повеќе оздравени отколку ново заразени со ковид-19. Изминатите 24 часа  22 нови случаи  на лица со корона вирусот   а   оздравени се 25 пациенти, соопштија од Министерството за здравство.

Бројот на активни случаи во велешко  се симна на  122. Со оваа бројка  Велес и натаму е на петтото место според бројот на активни случаи во земјава, по  Скопје, Битола, Прилеп и Куманово.

Во велешка болница починаа две лица, пациенти на Инфективно одделение, жена од Градско на 91 година и маж од Чашка на 82 години. Со ова бројот на починати во велешко, од последиците на корона вирусот е 311 лица.  

Во двете ковид одделенија од велешка Болница згрижени  се 19 пациенти, еден  помалку  од   вчера . Hа Инфективно  се хоспитализирани  16, на  Интерно  тројца. По еден ново примен пациент и еден испишан со еден негативен тест.

„Потврдено позитивни се 15, непотврдени  се тројца и негативен е еден  пациент но со потреба од болничка нега. На кислородна поддршка се седум пациенти“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »