речник контакт

Опожарен автомобил на паркинг кај Ликовниот

Спречена е поголема штета, кон соседните возила

Петар Печков

Патничко возило  со велешки регистарски таблички е опожарено, на паркингот кај Ликовниот салон,  во текот на вчерашниот ден, информираа од Територијалната против пожарна единица Велес. Нивна екипа излегла на терен по добиен повик и го локализирала огнот, но и спречила поголема штета, кон соседните возила.

„На 26.09.2023 во 16,45 ч добиен е повик за запалено патничко моторно возило на ул. Алексо Демниевски кај Ликовниот салон. ТППЕ Велес излезе на лице место со едно  против пожарно  возило и тројца пожарникари- спасители. По пристигнувањето на лице место превземени се сите соодветни мерки за догасување на возилото и спречување пожарот да направи поголема штета“ - соопштија од ТППЕ Велес.

фото ТППЕ Велес

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »