речник контакт

Опожарен автомобил на ул. Питу Гули

Пожарот го изгасила екипата на противпожарната единица

Петар Печков

Во ноќта четвртокот кон петокот опожарен е автомобил на велешанец. Интервенирале пожарникарите кои го изгаснале огнот.

„На 12 мај  околу 03.40 часот во СВР Велес е пријавено дека на ул. „Питу Гули“ во Велес настанал пожар на патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на Ј.В.(23 год). Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Велес. Повредени лице нема“ - соопштија од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес, по што ќе бидат познати причините за пожарот.

фото архива

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »