речник контакт

Опожарен автомобил „матиз“ во дворот на Болница

Пожарникарите спречиле голема опасност по околината, оти возилото било со боца плин

Петар Печков

Денес претпладнево,  на паркингот пред Општа Болница Велес опожарен е автомобил марка „матиз“.  Според сведоците тоа се случило околу 9,20ч.  додека автомобилот  бил во движење а возачот излегол навремено. Опожарен е предниот дел од колата. 

Прв на помош притекнал вработениот од влезот на Болницата, кој повикал и пожарна. Иако биле на терен во Превалец, една екипа од ТППЕ дошла на местото од пожарот. 

Наша екипа е повикана поради пожар на автомобил кој бил во кругот на Болницата. Четворица пожарникари и едно возило учествуваа во гаснењето на огнот.  Тие го локализираа на време и ќе беше голема опасност ако огнот ја зафатеше боцата со плин од автомобилот- изјави Љупчо Лепидовски, командир  на ТППЕ Велес.

Возачот, воедно и сопственик на возилото, кое не било такси,  немал повреди освен силната вознемиреност и стрес што го доживеал.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »