речник контакт

Опожарен автомобилот на екс претседателот на велешки суд

Лазаров се чувстува небезбедени тој и неговиот имот

Петар Печков

Ноќеска околу 3,30 часот  молотов коктел е фрлен врз автомобилот на неодамна пензионираниот претседател на  Основниот суд во Велес, Јордан Лазаров.  Автомобилот форд фиеста, кој бил паркиран на улица Славко Ѓоргиев, пред семејниот дом на Лазарови, е сериозно оштетен од огнот.

Среќна е околност што неговиот син  бргу го регистрирал инцидентот и веднаш започнале со гаснење, оти автомобилот бил на плин, па можело да се случи голема несреќа ако се зафатат боците со гас.

Синот слушна силен тресок, излегол на тераса и видел како автомобилот е во пламен висок два до три метри. Истрчавме веднаш, гасневме и ние, дојде пожарна и полиција извршија увид.  Утринава во колата пронајдовме шише со бензин и ракавица. Не можам да претпоставам кој би можел да биде сторителот, оти не сум имал закани. Гледајќи го ова што се  случува, не сум повеќе сигурен за себе и мојот имот. Причините кој што довеле до ова ги знае сторителот. Очекувам дека надлежните ќе го откријат пироманот – вели Јордан Лазаров кој во два мандати беше претседател на Основен суд во Велес.

Во пензија замина пред три седмици.  Тој беше судија кој работеше на граѓански предмети. Инцидентот го потврдија и од велешката полиција, со тоа што автомобилот ,,форд фиеста,,  бил регистриран на лицето М.Л. (30 год) син на  екс претседателот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »