речник контакт

Опожарен стан во близина на ОУ Васил Главинов

Пожарникарите со брза интервенција не дозволиле огнот да се прошири во зградата

Петар Печков

Неделата претпладне се  запалил  стан  во новиот дел на градот, близу ОУ Васил Главинов. Пожарникарите интервенирале, огнот го изгаснале и не дозволиле пожарот да се прошири во зградата.

„На 15. октомври  во 09:51 примена е дојава за запален стан на Ул. Христо Татарчев бр. 27 . ТППЕ Велес излезе на лице место со две против пожарни  возила и четворица  пожарникари спасители.  Со брзата интервенција не е дозволено пожарот да се прошири на соседните станови“ - соопштија од ТППЕ Велес.
 
Од противпожарната единица апелираат до граѓаните штом ќе забележат пожар веднаш да се јават на бесплатните телефонски броеви 193 или 112. 

фото ФБ/ТППЕ Велес

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »