речник контакт

Опожарени две палми во Младински

Полицијата трага по сторителот(ите)

Петар Печков

Ноќта помеѓу  четврток и петок во Младинскиот парк се опожарени две од неодамна посадените палми.   Според полициајта насатанот се случил околу 3 часот по полноќ а била повикана и противпожарната единица за да го изгаси огнот.

Од СВР Велес најавуаат дека работат на ожткривање на сторителот(ите) . Палмите кои се опожарени  се во Младинскиот парк и се дел од 47 -те посадените пролетва во Велес. Една влакнеста палма е вредна 500 евра.

Ова не е прв случај, перд некое време беше опожарена  палма исто така од Младинскиот. Полицијата го откри сторителот, станува збор за малолетник 15 годишно дете, против кое е поднесена  кривична пријава.Тоа објаснило дека палмата ја потпалило од радозналост.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »