речник контакт

Опожарениот терен околу езеро Младост се расчистува, пошумување догодина

Годинава се расчистува површина од 25 ха од опожарени 169 ха а се пошумува во близина на езерото, кај село Кумарино

Петар Печков

Без малку еден месец  се одвива расчистувањето на опожарените површини околу езеро  Младост. Ова е прва фаза за санација на штетите од големиот пожар, кој летово na 26-ти август  ја зафати околината на Велес при што изгореа 409 хектари, од кои 169 беа под шума, црн бор. 

Комисија на ЈП Македонски шуми  утврдила  дека е опожарена дрвна маса во неколку оддели во ШСЕ Езеро Младост со  вкупна количина од 4.538м3, како и тоа дека значителен број од опожарените стебла се целосно изгорени и се во фаза на сушење при што изгубиле поголем дел од техничките карактеристики. Предвидено е до крајот на годината  да се исчистат 25 хектари а најавеното пошумување е одложено за до година.  

Се работи за голема површина од околу 170 ха. Не е исто да се исчисти 5, 50 и 200 ха површини. Оваа е опсежна операција, која бара внимание и поголем стручност. Ако се биде во ред, и според проекциите до крајот на годинава ќе биде обработена површина од 25 ха спремна за пошумување.  За да не бидеме оскудни со кислород, решивме да пошумуваме во близина, надвор од пожариштето, затоа што не можевме да престасаме со  чистење на толку големи површини. На граѓаните им ветивме дека ќе пошумиме 25 хектари и во тек е пошумување, меѓутоа не на езеро Младост, туку во атар на село Кумарино, тоа е блуски два километри воздушно од опожарената површина - изјави Љубенка Попова,  раководителот на ,,Бабуна,, ПЕ на  ЈП Македонски Шуми.   

На оваа површина се засадува  чемпрес и багрем. Таа објасни дека  наспроти неколкуте  најави за почеток на расчистување на теренот уште во септември, доста време одзела постапката за добивање на    т.н.  ,,вонредна сеча,, и штом го добиле одобрението, со работа започнале на 5-ти ноември. 

Штом решението беше потпишано, од страна на повеќе субјекти, веднаш е почнато со активно и забрзано расчистување  на пожариштата. Донесена е соодветна механизација за отстранување на дебелите стебла, кои се проблем за сечење,па утовар на стеблата  а затоа е потребна специјална механизација, трактори  со големи хидраулични корпи, кои можат да се движат помеѓу стеблата и потоа со камиони се пренесуваат. На терен остануваат голем број гранки и досега немало во Македонија ваков случај на расчистување. Затоа е ангажирана специјализирана механизација за расчистување на отпадокот од стеблата. За да се изврши пошумувањето, потребно е теренот да биде исчистен во целост и од  стебла и од  гранки - дополни Попова.  

Во тек е таа втората фаза од расчистувањето на опожарените површини - собирање на гранките и отпадокот, за која биле  потребни големи машини, по што ќе се пристапи кон браздење на теренот па потоа  пошумувањето.  На пошумувањето кое е о тек и се одвива   кај село Кумарино досега биле подготвени  20  од 25-те хектари а 5  ха биле  засадени со чемпрес и багрем. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »