речник контакт

Опожарено возило во кругот на АМСМ

Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица од Велес а повредени лица нема

Петар Печков

Вчера утро, четврток, било опожарено возило, при што интервенирале велешките пожарникари. Повеќе детали од информацијата на СВР Велес.

„На 23 ноември  околу 06.30 часот во СВР Велес било пријавено дека во кругот на Автомото сојуз во Велес настанал пожар во патничко возило „рено меган“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на В.К.(66 год) од Велес, а кое на 20.11.2023 со шлеп возило на АМСМ било донесено во кругот. Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица од Велес, а повредени лица нема“ - информира  Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.

 фото интернет

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »