речник контакт

Опожарено училиштето во Отовица

Со брза интервенција на пожарникарите спасен е новиот објект. Учениците од понеделник на настава во старата зграда

Петар Печков

Попладнево  пламен ја зафати новата зграда на подрачното основно училиште во  приградската населба  Отовица.  Огнот ја зафатил едната страна на објектот, кој пред едена година беше свечено предаден во употреба. Пламнало околу парниот котел и оџакот а изгоре страничниот дел, заедно со мал дел од кровот. Брзата интервенција на пожарникарите, спречила  да се случи голема штетата, вака учениците бргу ќе се вратат во училиштето.

Во моментот кога избил пожарот, учениците  веќе биле дома. Го забележал хигиеничарот и веднаш со противпожарен апарат започнал да гасне. Повикал и противпожарна единица. Таа стигнала бргу и го локализирала – изјави Елица Ѓорѓиева  директорката на училиштето.

Во него настава посетувале  шест деца во комбинирана паралелка од второ до петто одделение. Веднаш по информацијата за пожарот, кој го зафати училиштето, на месото на настанот беше и градоначалникот на општина Велес Славчо Чадиев.

Среќа во несреќа е што нема жртви и поголеми оштетувања. Дадов задача старото училиште преку викендот да се среди и учениците  од понеделник таму ќе ја продолжат наставата.   За инцидентот го информирав министерот за образование и заеднички ќе започнеме санација на оштетениот дел и што поскоро учениците да се вратат во него – рече Чадиев.

Училиштето свечено беше отворено во јуни минатата година и е дел до 20-те монтажни објекти кои ги градеше Владата. На  вкупна површина од 90 метри квадратни има  две училници, а има и една помошна просторија и тоалети. Тоа е дел од Основното Училиште „Стојан Бурчевски-Буридан‘‘ од Иванковци.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »