речник контакт

Опозицијата критикува за укинат ученички превоз, Коцевски објаснува дека тоа е делумно поради наследен долг од пола милион евра

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагира за како што тие потенцираат укинатиот бесплатен превоз за учениците до училиштата. Коцевски објаснува дека превозот е укинат делумно и дека за дел од линиите останува досегашнион начин на превоз

Петар Печков

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ нма прес конференција  реагираше за како што тие потенцираат укинатиот  бесплатен превоз за учениците до училиштата. 

Спротивно од ветувањата на Аце Коцевски, дека ќе обезбеди бесплатен превоз за наставниците, истиот тој, го укина и бесплатниот превоз за учениците до нивните училишта, и ги приклучи кон општинскиот линиски превоз на патници. Тој, без никакви претходни консултации со родителите на учениците, донесе одлука, учениците да се возат со јавен превоз, со изговор дека на тој начин ќе се заштедело. Господине Коцевски, не понудивте детална анализа за сите постоечки линии. Како ќе се превезуваат оние ученици од руралните средини каде нема линиски превоз? Со оваа одлука, не само што се отежнува и усложнува превозот на учениците до нивните училишта, згора над се, се става под знак прашалник и нивната безбедност. Тие слегуваат на најблиските, неадекватни постојки, од каде треба да преминат по две или повеке улици за да стигнат до своето училиште. Освен оддалеченоста, во прашање е времето на чекање. Почетокот и завршетокот на часовите на учениците не соодветствува со временските линии на општинскиот превоз. Тоа е уште една, дополнителна грижа за родителите на овие деца. Овде јавно, Ве прашуваме, како ќе се превезуваат учениците од населбите и населените места, каде нема општински линиски превоз- кажа на прес конференцијата Невенка Ѓошева потпретседател на Унијата на жени за Велес.   

Таа го праша градоначалникот  Коцевски, дали заборави на неговите предизборни ветувања  за квалитетен и безбеден превоз на учениците? 

Градоначалникот Коцевски  дилемата која ја постави опозицијата ја адресира на нивната работа. Објснува дека превозот е укинат делумно и за дел од линиите останува досегашнион начин на превоз на учениците.  

Правото на платен превоз го укина ВМРО-ДПМНЕ. Училиштата должат 500.000 евра заради погрешните политики на тие што сега без срам и перде, заради ловење политички поени критикуваат. Таму каде што нема линиски превоз учениците ќе се превезуваат како и досега - вели  Коцевски. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »