речник контакт

Опозицијата предложи, градоначалникот Колев прифати, Питијада во Велес да има повторно

Манифестацијата да има друг формат и друг концепт без скапи пејачи. Велес до година ќе добие и џез фестивал

Петар Печков

Опозицијата предложи, градоначалникот Марко ѐколев прифати до година во Велес да има Питијада, но не како досегашните, туку со различна форма и содржина. Ова се случи на 5-тата седница на Советот на Општина Велес а по предлогот за точката од дневниот ред, за настаните од културата кои треба да се организираат  во 2022- година.  

„Питијадата значеше многу за градот, но таа  се затаи. Таа е потреба за градот и неговите жители.  Не значи само проект на Советот, туку охрабрување на бизнис секторот, угостителите,  да бидат активно вклучени во организацијата. Со враќањето на Фестивалот на питата и виното, се враќа традицијата која значи и економски и културно живеење на градот“  -кажа  Ќирил Гајдов советник од коалицијата  на СДСМ.

Тој се заблагодари на градоначалникот Колев, кој ја поддржа оваа идеја. За таа цел се одвоени скромни 500 илјади денари.

„Упатувам покана до угостителите, бизнис секторот и сите други, напролет да отвориме јавна дебата, каква Питијада сакаме. Бев вклучен десетина години наназад, во сите  претходни вакви манифестации и претходниот концепт трошеше многу  фиксни пари. Таа мора да има друг формат и друг концепт, кога нема да троши фиксни пари од старт. Немаме плоштад, каде да ја организираме. Концепт кој нема да има скапи пејачи и скапи бини. Да побараме поддршка, таа да се врати, но да не биде манифестација за да се збогати било кој за три дена“ - кажа градоначалникот Колев. Тој потенцираше дека  има и едно големо „ако“, а тоа е да  мине пандемијата со корона вирусот.

На оваа седница беше прифатен предлогот на градоначалникот Колев, по иницијатива на партијата Левица,  Велес да добие  џез фестивал и музика на светот.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »