речник контакт

Опозицијата реагира што во училиштата децата со посебни потреби, немаат персонални асистенти

Дали ги обезбедивте сите училишта со потребните дидактички средства за работа, кои им се неопходни на овие ученици

Петар Печков

На прес конференција опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагира што учениците, кои се деца со посебни образовни потреби немале персонални асистенти.  

Во редовната настава во основните училишта за жал уште не се воведени, иако според Законот треба да го има. Ланската година имаше асистенти во краток период, кои помагаа на одредени ученици. Тоа беше еден проект, кој за жал заврши а со тоа и користењето на персоналните асистенти.  Во  одделенска настава, учениците со посебни образовни потреби се вклучени, иако ние како одделенски наставници немаме поминато доволно  обуки и не сме доволно компетенти  за работа со овие ученици кажа од говорницата Елизабета  Митреска Анѓелеска, член на ОК на ВМРО_ДПМНЕ.  

Со години се залагаме за едно општество за сите, без дискриминација, во кое сите сме еднакви. Се залагавме и воведовме инклузија на дечињата со посебни потреби и вклученост во редовниот наставен процес. Во врска со последните ветувања на Владата за обезбедување на персонални и едукативни асистенти за учениците со посебни потреби во редовните училишта, да им поставиме неколку прашања:

Дали за секое дете обезбедивте персонален и едукативен асистент?

Дали за тие дечиња што не сте обезбедиле персонални или едукативни асистенти, родителите се должни од сопствените средства да издвојуваат одреден буџет, со цел нивното дете да добие квалитетно образование? 

Дали соодветно ги обучивте одделенските наставници за работа со овие ученици?

Дали ги обезбедивте сите училишта со потребните дидактички средства за работа, кои им се неопходни на овие ученици? - рече Митреска Анѓелеска. 

Градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски, за оваа прозивка кажа дека персоналните асистенти ги обезбедува и ги плаќа Министерството за образование и таа обврска е во нивна надлежност. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »