Петар Печков
Објавено: понеделник, 26 декември 2011
Детските градинки и основните училишта од Повардарието добија опрема за спортување на децата од најмладата возраст. Таа е дел од проектот ,,Физичка активност, за здрав психофизички развој на децата од предучилишна возраст,, кој го реализираше Вардарскиот плански регион.. Преку оваа опрема целта е кај децата уште од најмала возраст да ја развие чувството за спортување а преку него и до здрав живот.
Задоволство е што со овие дидактички предмети ги опремиве градинките и училиштата во регионот. Заеднички набавивме предмети за спортување на децата и развој на нивната моториката. Со овој проект преку игра и настава се помага развојот на децата - вели Александар Бузалков директор на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион.
Опремата е набавена со помош на Министерството за локалана самоуправа и Бирото за локален развој но и со учество на самите општини. Опрема од дрво, метал и сунѓер добија градинките од Велес, Неготино и Кавадарци, додека сунѓереста градинките и училиштата од Свети Николе, Демир Капија, Росоман, Лозово и Чашка.
Tweet |