речник контакт

Оптимизам во ЖФК Борец пред квалификациите за Лигата на прваците

Оптимизмот се заснова со победата на српскито првак екипaта нa Машинац од Ниш, двете засилувања и вербата во сопстениот квалитет. Градоначалникот Петров ги награди со 60 илјади денари за освојувањето на двојната круна.

Петар Печков

Добра увертира за освојувачот на двојната круна во македонскиот женски фудбал, откако на гостувањето кај српскиот првак велешанки забележаа победа и пораз. Во саботата ЖФК Борец бил убедлив и победил над екипата на Машинац од Ниш со 3:1, додека во неделата со променет состав загубиле со 2:1. Ова ги подгреа надежите дека во квалификациите за Лигата на шампионите е можен добар резултат. 

Фудбалерките на Борец оптимистички заминуваат за Литванија во квалификациите за Лигата на прваците, верувајќи дека можат да забележат две победи. Тие од 5-ти до 10-ти август во градот Шиуалиаи против домаќинот Гинтра Универзитет, Евертон Англија и Класвикар од Фарските острови ќе се обидат пред се да забележат една победа и остават добар впечаток.

Работевме без прекин летово, за да можеме да се претставиме во Европа до добро светло. Планираното го реализиравме и верувам во девојчињата дека ќе направат добар резултат. Тоа го сметам победа на првиот натпревар против домаќинот и последниот ден против првакот на Фарските острови. Евертон е далеку пред нас и на оваа средба ќе учиме. Можеби со две победи ќе стигнеме и во вториот круг - изјави   Тоше Нацев тренер на ЖФК Борец.

За да се спротивстават што подобро, велешанки се засилија со две девојки од соседна Србија од Војводина на местото голман  Милетиќ и во средниот ред Стевановиќ, со кои се надеваат можеби ќе обезбедат влез во втор круг.

Мислам дека имавме поволна ждрепка, иако домаќинките се неколкукратни правци на Литванија, имама квалитет да се носиме со нив. Верувам дека со добра игра, имаме добар фонд фудбалерки, тимот е добар во целина и имаме победнички дух – изјави  стоперот Сијче Андонова. 

Како морална поддршка пред за овој голем и значаен спортски настан за Велес, градоначалникот Горан Петров ги награди со 60 илјади денари

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »