речник контакт

Опфатот за вакцинација против ковид-19, во велешко за една седмица скокна на 53,2 отсто

Или на територијата на цела Македонија опфатот вакцинација за заштита од ковид-19 е 44,1%. Во кои градови има висок офпат?

Петар Печков

За една седмица осетно скокна опфатот на жителите од велешко, кои се вакцинирале како заштита од ковид-19. Ако до 14-ти ноември тој беше 47,3 на 21-ви ноември бил 53,2%. Oва се бројки кои ги објави Институтот за јавно здравје.  
Податоците освен за општина Велес се и за соседните Градско и Чашка, но и дел од жителите на Лозово се вакцинираат во Велес.

Иако имаат можност да се вакцинираат и деца на возраст од 12 и повеќе години, интересот кај нив и нинвите родители е скормен и скоро незабелжителен.

За потсетување од почетокот на ноември  во опфатот се внесени податоци за лица на 12 годишна возраст и повеќе, откако претходно се евидентираа вакцинирани +18 години.
Најмногу вакцинирани има во Неготино и Кавадарци со 60,8  и  59,9%, Охрид 60,0  па Гевгелија со 58,1 отсто.

Од поголемите градови состојба е следна: Скопје 43,4, Битола 53,8, Куманово 34,3 Кочани 39,9  , Струмица 31,3, Тетово 39,6  Штип 49,7   Прилеп 47,3, Гостивар 31,8 Струга 40,9  Затоа пак во Ресен има опфат од 56,9  отсто, Берово 54,8 ,  Валандово 52,3. или на територијата на цела Македонија опфатот вакцинација за заштита од ковид-19 е   47 проценти.

Или на територијата на цела Македонија опфатот вакцинација за заштита од ковид-19 е 44,1 %

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »