речник контакт

Општина Велес и Општинскиот Црвен крст потпиша меморандум за соработка

Ова е прв ваков документ за соработка во земјава

Петар Печков

Градоначалникот на Општина Велес Горан Петров и претседателот на Општинската Организација на Црвен крст Велес д-р Милчо Трајков в го потпишаа Меморандумот за соработка.

Тоа е документ кој во себе содржи некои активноисти кој веќе ги преземаме,како и обврска за донесување на стратешки и плански документи преку кои нашата соработка со ОО на Црвен крст би ја подигнале на повисоко ниво. Воедно би придонеле преку институциите како што е Советот на Општината донесување на одредени документи, кои се од взаемен интерес, истакна градоначалникот Петров.

По потпишувањето на меморандумот д-р Милчо Трајков потенцира дека ОО на ЦК Велес, е меѓу првите  во Македонија кои потпишале ваков формален акт за соработка со локалната власт.

Актот е потпишан во врска со ингеренциите на општината во областа на превенција на здраствената заштита,во однос на делувањето при катастрофи и социјално хумнитарните активности,за коишто е задолжена локалната власт,согласно законот.А ние како дел од Црвениот крст на Македонија и Црвената полумесечина исто така сакаме и ќе и помагаме на Општината во однос на капацитетите,со нашите волонтери,а во однос на ингеренциите кои ги има локалната власт.Односно взаемно ќе си помагаме и соработуваме во интерес на заштита и превенција на здравјето на граѓаните и подобрување на нивната социјалната состојба, истакна Трајков.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »