речник контакт

Општина Велес ги објави резултати од водите на езеро Младост и таа била исправна

Водите на Градска плажа1 и хотел Романтик одговарале на потребните параметри од хемиска и микробиолошка анализа

Петар Печков

Општина Велес со потврда за квалитетот на  водата во езеро Младост е   исправна и може да се користи за капење и рекреација. Ова доаѓа откако извршените мерења од „Фуд лаб“ која на тендер  на Општина Велес, добила да го мери квалитетот на водите на четирите плажи, нејзините резултати од 11 август покажаа дека, на две плажи Градска плажа1 и брод Панини водата не е за капење.

„Квалитетот на  водата во езеро Младост е   исправна и може да се користи за капење и рекреација. Истата е потврдена со утврдени анализи од страна на ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес, кој е компетентен согласно со укажувањата бр. 09-292 од 17.08.2023 год. Скопје од страна на Државен санитарен и здравствен инспекторат ПО-Велес“ - соопштија од локалната власт.  

Од Општина Велес ги објавија резултатите од анализите на квалитетот водите  кај  плажите Романтик и Градска палжа1, кој ги изврши избраната лабораторија “Фуд лаб“. Примероците биле земени на 24 август а објавени на 29 август. Истите одговарале  на потребните параметри од  хемиска и микробиолошка анализа.  

Хронологијата на настаните за квалитетот на водата на езеро Младост ова лето покажуваше дека таа има осцилации. Кон крајот на јули Државниот инспекторат со животна средина, по реакција од граѓани,  излезе со информација  дека во водата каде се слева Отовичка река во езерото е регистрирано присуство на фекални материи. Потоа на почетокот на август Центарот за јавно здравје Велес соопшти дека заклучно до 3 август водите на двете плажи, чиј квалитет тие го испитуваат, се добри за капење и рекреација. Општина Велес објави дека водите кај плажите  Брод Панини и Градска плажа 1, според  резултатите од 11 август испитани во  лабораторијата на „Фуд лаб“ Скопје, покажале   надминување на граничните вредности за присуство на цревни ентерококи и ешерихија коли. Поради ова тие два плажи не се препорачуваа за капење. Контролните испитувања на ЦЈЗ Велес и Институтот за јавно здравје покажале дека водите во периодот од 16 до22 август се добри и се препорачуваат за капење.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »