речник контакт

Општина Велес годинава до почетокот на декември исплатила 12,2 милиони денари обештетување за граѓаните, во овој период каснати цело семејство а едно лице четири пати

Со досегашната работа на реионалниот цнетар Шепа, ниту луѓето, ниту кучињата се безбедни на улица

Петар Печков

До 4-ти декември годинава локалната власт на Општина Велес исплатила рекордни 12.2 милиони денари обесштетување за граѓани каснати од бездомни кучиња.  Средствата кои се исплатуваат се  од Општинскиот Буџет. Тие се и за оштетените но и за адвокатите кои ги застапуваат.

„На листата имаме една цела фамилија, сите  се каснати во краток временски период. Имаме едно лице четири пати, во сите годишни времиња, па дали  му треба пари за летување или за купување огрев, го каснува куче. Има напади од кучиња врз луѓе, но убеден сум дека голем број се фиктивни и лажни. Пријавата против непознат сторител  за испумпување на буџетот со лажни каснувања до ОЈО Велес е одамна испратена, но повратно немаме никакви информации.  Кучињата не можеме да ги задржиме подолго од 30 дена, толку дозволува Законот, трајно не можат да бидат згрижени“ – кажа градоначалникот Марко Колев. 

Во Регионалниот центар за згрижување на бездомни животни „Шепа“ лоциран близу Кавадарци, формиран од деветте општини на Вардарскиот Плански регион,  во периодот 2 мај 31 октомври биле третирани 365, за Велес до 10-ти месец имало 97 заловени кучиња.

Тој  засега нема заловено и третирано бездомни кучиња од Свети Николе, Чашка и Лозово, иако на локалните власти им било испратена информација дека веќе  работат на згрижување. Со досегашната работа ниту луѓето,  ниту кучињата се безбедни на улица констатира советник во Општина Велес

„За вашата работа имате фактурирани до Општина Кавадарци 549 илјади денари, за Велес 308 илјади. Ова ми говори дека повеќе работите во Кавадарци кој е помал град  и очекувано е дека има помал број бездомни кучиња, наспроти Велес. Тој пак плаќа далеку повеќе месечна обврска кон шелтер центарот од било кој друг град во Вардарскиот регион“ – рече Јованче Манасков член на Советот на Општина Велес.  

„Во Кавадарци имаме заловено 150 кучиња наспроти 97 во Велес. Причина е што прифатилиштето е стационирано во Кавадарци, тука почесто излегуваме на терен, во Велес доаѓаме организирано, два пати неделно најмалку. Имаме само едно возило со кое опслужуваме девет општини, од нив шест се активни. Велес не е ставен во втор план, наспроти Кавадарци. Потребно ни е уште едно возило“ – кажа   Снежана Гинева, в.д. директорка на Регионалниот центар „Шепа“. 

Таа побара време за да се почувствуваат бенефитите од работата на центарот и посочи дека бездомните кучиња се резултат на недоговорни сопственици, кои кратко време по набавката ги оставаат на улица. 

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »