речник контакт

Општина Велес за 20 години е во минус 6,6 илјади жители, податоците од Пописот 2021

Општина Велес брои 48.463 жители. Каква е половата но и етничка припадност

Петар Печков

Општина Велес брои 48.463 жители. Има 16.566 домаќинства и 18.630 живеалишта. Ова се бројките кои ги соопшти Државниот завод за статистика по извршениот Попис во септември 2021-ва година. 

По етничка  основа:         Македонци 36 825 ( 76%)            Албанци  2 736 (5,6%)    Турци 1 037 (2,1%)  Роми  507 (1%)
Власи   270 (0,5%)  Срби  267 (0,5%)  Бошнаци  1.825 (3,8%)

По полова припадност:    Мажи 24 102 (49,7 %)
Жени 24 361 (50,3%)

Според пописот од 2002 година, Општина Велес броела  55.108 жители или во 2021-ва имала помалку 6.645 жители.

Поголема смртност од наталитет, повеќе иселување внатрешно но и иселување од државата придонесоа за општината да има помал број жители.

За илустрација  од 1-ви јануари до 15 март годинава според Одделението за водење на матичните книги  во Велес и соседните општини има 220 починати а во истиот период до 15 март во акушерското одделение има само 64 новороденчиња.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »