речник контакт

Општина Велес на силни маки, што да прави со големиот број на празни и неискористени згради и објекти

Во што ќе се пренаменува Офицерски, зградата на Киното, хотелот Вила Зора, ОУ Џинот, училиштата во Горно Оризари. Што планираат надлежните, што бараат граѓаните

Петар Печков

Локалната власт во Општина Велес има ,,слатки маки,, , што да прави со бројни објекти, кои се во нејзина сопственост а стојат празни. Така градоначалникот на Велес Аце Коцевски ја  дефинираше состојбата со дузина згради, кои се  празни и собираат прашина, се уништуваат  а никој не ги  користи. 

За жал имаме ситуација  кога во Велес и околина има бројни објекти кои стојат празни и неискористени. Тие не`  генерираат приход и одржливост, напротив трошоци  - вели Коцевски.  

Затоa се организираше Јавна расправа и во  исполнета голема сала на   општината, се дебатираше како да се искористи просторот  од поранешниот  Дом на АРМ - Офицерски, зградата на синдикатот - киното, хотел „Вила Зора“, локалната библиотека, поранешното ОУ ЈХК Џинот, паркинг просторот пред Основниот суд и пред саат кулата, старите училишта во Горно Оризари и близу   велешкиот затвор.  

Локалната власт изготвила предлози за овие објекти и го претстави пред присутните. Така Офицерскиот со две решенија да биде Хотел за конгресен туризам со национален ресторан  или библиотека.  Постојната  Библиотека и салата Бели Мугри да бидат Младински креативен центар а во салата да се одржуваат филмски проекции, театарски претстави на младински групи, рок концерти на млади групи,  концерти на играорни друштва, пеачки друштва и да се уреди дворот за искористување.  Зградата на синдикатот (киното) да се пренамени еден кат за хостел, еден за библиотека. Паркингот пред Основен суд Велес да биде со подземен  и надземен  паркинг или второ решение плоштад, кој во зимно време би имал простор за зимско лизгалиште. Зградата на поранешното  ОУ Јордан Хаџи Констатнинов Џинот да се искористи за повеќе намени, детска градинка, дневен центар за лица на возраст над 18 години. Или со второ решение сите факултети кои работат во Велес да се префрлат таму.  Поранешниот Хотел ,,Вила Зора,, да се пренамени за неговата основна цел, сместување на  возрасни лица кои живаат сами и  имаат потреба од сместување и грижа а дел да се пренамени за угостителски објект со бавча.   Гаражите на ЈКП Дервен во населба Тунел да се искористат и таму да  се изгради училиште, детска градинка или дом за стари лица. Паркингот пред Градскито с аат  да бдие катна гаража, со староградска архитектура. Објектот за пасоши,  кај пожарната, кој е отстапен на СВР Велес да се пренамени за Дневен центар за лица зависници. Народната кујна во месноста Дворови, како и  диспанзерот за АТД се со отворени решенија.  Училиштето во Горно Оризари кое е празно да се искористи и пренамени за Дом на култура и за Џамија. Училиштето пак кое е во близина на затворот, да се понуди на државата за да се зголеми капацитетот на затворот а државата за возврат, во замена  да даде друг објект во општината.   

Локалната власт   бараше мислење од велешани, што  да прави и како  најдобро да се искористат објектите кои се во сопственост на Општина Велес, а сега се празни и го доби во повеќе часовна дискусија.  Без исклучок сите дискутанти посочија дека на Велес Офицерскиот дом му е потребен како ресторан, култно место кое е одличје на градот со децении, се до неговото затворање.На градот му е потребен Хостел, немаше дилеми дека сегашната Библиотека треба да биде Младински креативен центар, каде ќе се одржуваат и кино проекции. Потоа се побара место, дом за лицата со посебни потреби,  каде тие би се згрижувале во отстуство на родителите. За жителите од Горно Оризари, без дилема е дека им е потребна Џамија на што градоначалникот Коцевски им порача, ,,како ќе решите така   ќе  биде, за што сакате за тоа ќе се пренамени училишетото,,.  Екологистите од ЕД Зелена сила,, побараа планинарскиот дом ,,Бреза ,,да  се реновира, училиштето во село Ораовец да се адатпира за престој на гости а градбата до Подрачното училиште во Превалец да се искористи како  детска градинка или за дневен престој на ученици.  

На оваа јавна расправа присуствуваше и Огнен Марина -декан на Архитектонскиот факултет од Скопје.     

Морам да ги пофалам велешани што во толкав број дојдоа и присутвуваа и нудеа решениија, споделуваа идеи, желби и можности, зборува за посветеноста кон својот град.  Наназад неколку декади се загуби визијата за градовите. Градоначалниците досега говореа за ситни мали интервенции, поправаа улици и тротоари како да е тоа главно достигнување. И вечерва започнува една нова ера, кога се враќа визијата за градот,  која е поширока од секој негов дел. Таа мора да биде споделена со граѓаните но и со стручните лица, мислам на архитектите. Фацсинантна е бројкат која Општина Велес може да ја стави на располагање на граѓаните. Но да не се заборави јавниот  простор, тоа  се плоштадите, улиците, парковите,  кои треба да се достапни до сите граѓани и тогаш градот ќе почне да живее    - рече Марина.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »