речник контакт

Општина Велес објави јавен повик за давање под закуп на „Еко-камп со парк на авантури“ на езеро Младост

Вкупната почетна цена на месечната закупнина изнесува 133.592 денари без ДДВ и се изнајмува на десет години

Петар Печков

Општина Велес објави јавен повик за давање под закуп на „Еко-камп со парк на авантури“. Предмет на јавното електронско наддавање е закуп на движни ствари/урбана опрема на „Еко-камп со парк на авантури за деца на дел од езеро „Младост“, сопственост на Општина Велес.

Истиот се издава во закуп во времeтраење од 10(десет) години од денот на потпишувањето на договорот за закуп со најповолниот понудувач.

Најповолниот понудувач со кој ќе се склучи договор за закуп на движните ствари е обврзан да го стави во функција „Еко-кампот“,  најдоцна до 1 мај 2024 година.  

Вкупната почетна цена на месечната закупнина изнесува 133.592 денари без ДДВ, утврдена како 0,5% од проценетата вредност на урбаната опрема.

Објавата трае петнаесет календарски дена почнувајќи од 17.01.2024 година 31.01.2024 година
Пријавите за учество на јавното наддавање се доставуваат најдоцна до 31.01.2024 година
Јавното електронско наддавање ќе се одржи на ден  05.02.2024 година и истото ќе започне во 12:00 часот.

Еко паркот меѓу друго има - сервисен блок, рецепција, кујна, санитарии, седум дрвени камп куќички во форма на барик -11 м2 по куќичка со кревети за спиење, летниковец, еко училница, клацкалки, лизгалки, нишалки, игралиште брод од дрво, замок од дрво, патека за паркур, платформа за набљудување на птици, киоск за продавање на сувенири.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »