речник контакт

Општина Велес продава градежно земјиште

Се продаваат парцели за индустрија, за спортски терени, за хотели и за куќи

Петар Печков

По пат на  електронско јавно наддавање, Општина Велес продава градежни парцели, на повеќе локации, со различна намена.  

Во индустриската зона Мамутчево со намена на градба Г2-лесна и незагадувачка индустрија се продаваат осум парцели со големина од 5 илјади м2 до 104 илјади м2. Почетна цена е 61 денар за м2 

Во населба  Тунел-2  дел од блок 58 и 59,   се продаваат четири парцели, со катност п+2 со површина за градење од 71 до 124 м2. за станбени куќи,   и почетна цена од 61 денар за м2.

На езеро Младост  УЕ 1- Блок 1,  со намена на градба спорт и рекреација,се продаваат  две парцели со површина од 5,2  и 7,4 илјади м2. и почетна цена од 100 денар за м2.

На езеро Младост Блок 1 и 2 Езеро Младост, со намена на градба Хотелски комплекси се продава една парцела од 19 илјади м2 и почетна цена од 283  денар за м2.

Во викенд населбата  Новачани кај езеро Младост, со намена на градба куќи за домување, се продаваат девет парцели со површина од 182 до 240 м2. со  почетна цена од 283  денар за м2

Пријавувањето е до 26 февруари. Повеќе информации на веб страницата на Општина Велес или лично од надлежните служби.  

фото: архива

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »