речник контакт

Општина Велес со сертификат за поволно деловно окружување

Ова е порака до потенцијалните инвеститори оти ќе добијат квалитетни услуги и информации од општинската администрација.

Петар Печков

Велес и Струмица се првите општини во Македонија со сертификат за поволно деловно oпкружување (Business friendly certificate - NFC). Сертификатите што беа  свечено доделени  значат дека  исполнуваат определени стандарди како порака до потенцијалните инвеститори  оти ќе добијат квалитетни услуги и информации од општинската администрација.

Во тек на 18 месечниот проект, што се спроведе со поддршка од Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа, администрациите на Велес и Струмица исполнија 12 критериуми и поминаа повеќе фази на евалуација, имплементација и верификација на потребните резултати. Како пилот општини во проектот беа вклучени и Штип и Струга.

Според регионалниот проектен менаџер од Отворениот регионален фонд, Кристоф ди Марко, во Македонија има голема иницијатива за привлекување инвестиции, поради што е важно партнерството на општините  со бизнисите.

Бизнисот мора  да се лоцира некаде. На бизнисите им треба вода, електрична енергија, градежни дозволи. Партнерот на тие бизниси е токму градоначалникот и општината и токму затоа е најважно да се осигуриме дека на бизнисите им се даваат најдобрите општински услуги,  Сертификатот, посочи,е само лист  хартија, но е  многу важен иако претставува само еден аспект. Има многу работа што треба да се заврши и пред, но и по добивањето на сертификатот, посочи Ди Марко.

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Град Скопје Коце Трајановски оцени дека  сертифицирањето низ кое поминаа општините е сложен процес што бара многу вложувања, дополнителна работа и активности на општинската администрација.

Денес сите заедно се гордееме со резултатите постигнати во апликацијата на проектот. Општина Велес освои најмногу поени пред сите останати и со тоа потврдивме дека сме општина што е подготвена уште повеќе да ги надградува своите капацитети во насока на создавање услови за стопанска/економска експанзија. сакам да искажам благодарност за ова огромно признание на сите што се вложија во имплементацијата на проектот - од ЗЕЛС што процени дека Велес е една од четирите општини од Македонија што има капацитет да аплицира на овој проект, до тимот за имплементација во Општина Велес рече градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев.
 
Претседателот на Сојузот на стопанските комори ССК Златко Калеников порача дека е неопходно што поголем број општини во Македонија да се сертифицираат. Тоа, според него, ќе ја поттикне конкуренцијата меѓу општините за привлекување нови инвестиции.

Често домашни и странски компаниите не прашуваат која општина е поволна  за почнување и опстојување бизнис. Нашиот одговор во иднина ќе биде дека токму сертифицираните  општни се гаранција оти на потенцијалните инвеститори  ќе им се обезбеди квалитетна и ефикасна услуга за развој на бизнисот, рече Калеников.
Во регионалниот проект, што е во завршна фаза, се вклучени 14 општини од Југоисточна Европа.

Целта на проектот е преку сертификацијата на општините да се создаде поволна бизнис клима што ќе понуди ефикасна администрација,  транспарентно локално владеење, соодветна транспортна  инфраструктура и партнерство со индустријата.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »