речник контакт

Општина Велес ја доби надлежноста за продавање на градежното земјиште

И натаму останува, поголем дел од средствата изворен приход на општината

Петар Печков

Од почетокот на месецов општина Велес  ја доби надлежноста од Министерството за транспорт и врски за продажбата на градежното земјиште.

Пред два дена ја добивме лиценцата за  продажба на градежно земјиште, за што е формирана  и комисија. Сите предмети кои  беа вратени од министерството како незавршени за  продажба, ќе се довршат и стават на продажба. Така започнавме да го остарувавме нашето децентрализирано право  да го продаваме градежното земјиште, во постапка и процедура која нема да се разликува до досегашната – изјави Горан Петров градоначалник на Велес.

Извесно е дека првите продажби ќе се однесуваат на локациите за парцели за бензински пуми кои бае објавени пред некој ден од страна на министерството и експресно повлечени. И натаму останува 80 отсто од прибраните средства да се приход на општината а 20 отсто на државата.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »