речник контакт

Општина Чашка со признанија за највредните, го одбележа Денот на општината 21 август

Се одржа и шаховски турнир

Петар Печков

Со свечена седница беше одбележан   21-ви Август, денот на Општина Чашка.  Со неа раководеше Претседателот на советот Трајче Мишковски.

Во  обраќањето пред гостите  градоначалникот Горан Стојановски напомена дека пред 6 години била  блокирана општина и по период на големи кризи, денес Општина Чашка е со позитивно салдо и голем број на успешно реализирани проекти кои допринесуваат за подобар живот на граѓаните.

„Моја цел во наредниов период е да продолжиме како и до сега да создадеме подобри услови за живот во сите населени места со цел граѓаните да живеат подобро и подостоинствено“ - кажа Стојановски.

фото Општина Чашка

Оваа година по предлог на основните училишта беа наградени најдобрите ученици за учебната 2022/23 -Стефан Трпков од ОУ „Тодор Јанев“ Чашка, Аце Стојановски од ОУ „Петре Поп Арсов“ с.Богомила, Бесир Латифов од ОУ „Лирија“ с.Горно Јаболчиште.

Исто така со одлука на советот на Општина Чашка, по спроведениот јавен оглас се доделија и стипендии за талентирани ученици и студенти од општина за учебната 2023/24- учениците  Филип Таневски од „Коле Неделковски“ , Љавдиме Дурмишова од Гимназијата „Кочо Рацин“  и студентот Ивана Ефремовска при Филозофски факултет - социјална работа и социјална политика при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“-Скопје.

Со одлука на Градоначалникот на општина Чашка, а по предлог на директорите од сите институции на територијата на општина Чашка се доделија награди за најдобри работници за 2022 година. За најдобар просветен работник Шукри Кадриов, за најдобар социјален работник, Мартина Зафирова, за најдобар комунален работник Ангелче Андоновски, за најдобар полициски службеник Игорче Димовски, за најдобар здравствен работник Нафи Дурмиши и за најдобар административен работник Бојанка Мирова.

Благодарница за афирмација  на општината и поддршка преку низа општествени активности  како во општината така и надвор од границите на општина Чашка, доби Македонското здружение  на иселениците од село Мелница  МАК -МЕЛ со седиште во Бургдоф Швајцарија преставувано од претседателот Ердован Етоски

Со организиран шаховски турнир во  кој учество земаа десетина учесници, освојувачи на првите три места се  Прво место- Љупчо Трајковски, второ место- Игор Димовски, трето место- Филип Таневски.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »