речник контакт

Општина и Ветеринарната да платат парична казна за дете кое е каснато од куче

Судот од Велес пресуди во корист на 12 годишно дете, оти тужените не ја исполниле законската обврска за заловување на кучињата скитници во градот

Петар Печков

Општина Велес и Ветеринарната станица од градот  да платат парична казна оти куче каснало  12 годишно дете.  Со пресуда на Основен суд Велес, тужените  заеднички и солидарно се задолжени да платат 45 илјади денари на оштетеното дете и тоа: за претрпена физичка болка 15.000 денари, за претрпен страв 15.000 денари и за претрпена душевна болка поради намалена општа животна способност 15.000 денари.

По правосилноста на пресудата локалната власт и Ветеринарната станица  ДОО Велес  солидарно да му ги надоместат трошоците во постапката од 61.035 денари. Детето било апнато од куче  скитник, кое немало маркичка на увото,  на  28  јануари 2016-та година, на улица во градот, при што малиот се здобил со телесни повреди.

Било каснато  три пати, на десниот палец, шака и лакот.  Оштетените на   16. Февруари 2016 год. се обратиле Општина Велес,  како надлежна и одговорна за грижа и заштита на граѓаните од кучињата скитници со опомена пред тужба, за вонсудско решавање на спорот, но до него  не дошло.  

Судот констатирал во пресудата дека ,,постоење на кучиња скитници на територијата на Општина  Велес, штетата што истите ја предизвикуваат и законските обврски на тужените да ги спречат, а не успеале во тоа, била нивната одговорност  и тие  не ја исполниле законската и договорна обврска за заловување и исчистување на градот од кучиња скитници,,.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »