речник контакт

Општина ќе гради две нови индустриски зони

За разлика од постојните Речани и Узус, новите ќе бидат со поголеми површини за поголеми инвеститори

Петар Печков

 Општина Велес ќе отвора две нови индустриски зони. За разлика од постојните, новите ќе нудат поголеми плацови  за поголеми инвеститори. Во локалната власт е веќе започната постапката, за што поскоро да се завршат административните работи а од пролет да се започне и со работа на инфраструктурата.

Поголемите инвеститори бараат поголеми површини. Без проблем се продадоа  постојните плацови од илјада и две илјади метри квадратни, сега ќе нудиме од 10 до 20 илјади метри квадратни. Само така можеме да очекуваме сериозни и големи инвестиции. Тие барат постапката за издавање на градежна дозвола да почне веднаш а со тоа и градбата – вели Горан Петров градоначалникот на општина Велес.

Двете зони ќе бидат лоцирани во близина на градот, првата  кај  селото Караслари, покрај автопатот Скопје – Гевгелија и втората на вливот од реката Бабуна во Вардар. Тие ќе се простираат на по десет хектари. Постојните две индустриски зони во Велес  Узус и Речани се продадени, првата со веќе започнати стопански активности, додека на втората поголем дел од плацовите не се користат и се празни.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »