речник контакт

Општината виновна оти падна јасика и усмрти возач

Општина Велес ќе плати обештетување во висина од 40 илјади евра за смртта на велешанец.

Петар Печков

Семејството на Ерол Брзев ја тужеше и го доби судскиот спор против локалната власт за претрпени душевни болки за смрт на блиско лице.  Со судско решение за подмирување на обврски на Општина Велес по правосилна пресуда, таа  е должна да плати 40 илјади евра како паричен надоместок за претрпени душевни болки за смрт на блиско лице која настанала во несреќен случај со смртна последица.

Истата се случила по лицето Ерол Брзев на ден 19.04.2008 година кога дрво јасика падна на улица Вардарска б.б. врз возило ситроен - ксантија во движење на локалниот пат во правец Велес - Башино село.  Дрвото јасика кое паднало и ја предизвикало несреќата, требало претходно да биде отстрането бидејќи претставувало опасност по сообраќајот на локалниот пат Велес – Башино село, кој е во надлежност на локалната власт.

Поради ова таа е прогласена за виновна и треба да ја плати предизвиканата штета, претрпена бол за семејството Брзев, во висина од 40 илјади евра.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »