речник контакт

Општината да плати казна за каснато дете од куче скитник

Локалната власт има обврска за контрола на бездомните кучиња и нивно згрижување, стои во пресудата

Петар Печков

Општина Велес да му плати 75 илјади денари   на дете од Велес, како казна оти било каснато од куче скитник.  Ова е нова пресуда на Основен суд Велес, со која   локалната власт се задолжува да ја исплати паричната  казна.  

Инцидентот се случил на 27 април 2015-та година, пред училиште за странски јазици,  кога детето било каснато во левото колено од куче скитник, кафеава боја. 

Како последица на настанот детето  освен телесни повреди имало и психички проблеми, несоница. Со пресудата  детето за претрпени физички болки треба да добие 25.000 денари, за претрпен страв 35.000  и за претрпени душевни болки поради намалена општа животна активност сума во износ од 15.000 денари.

Општина Велес е задолжена да ја плати казната, оти   според пресудата ,,има обврска за контрола на бездомните кучиња и нивно згрижување, поради што е одговорна за штетата настаната кај тужителот од бездомно куче,,. ТрМр уште одамна посочи дека во Основен суд Велес се водат повеќе постапки за каснати сограѓани од кучиња бездомници.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »