речник контакт

Општината нема повеќе да доделува материјал, со кој граѓаните сами градеа потпорни ѕидови

Градежните работи се изведувале нестручно, што резултураше со паднати потпорни ѕидови изминтиот период

Петар Печков

Праксата која локалната власт на Велес ја применуваше десетина години, со која на граѓаните им даваше материјал за изградба а тие самите ги градеа потпорните ѕидови  е лоша и со неа  треба да се прекине.

Ова го пишува во Елеборатот кој го изготви  Градежниот институт ,,Македонија,, а е по барање на Општина Велес.   Ваквата пракса резултураше со неколкку срушени потпорни ѕидови, пред десетина дена, по големиот порен дожд на 10-ти октомври.  

Досегашната пракса е граѓаните да добиваат градежен материјал од општината и самите да прават заштитни ѕидови, за да се заштита од одрони на земја и камења. Бидејќи ваквата постапка нема техничка документација за санација, оваа мерка е крајно неправилна и со неа не се решава проблемот на одрон на карпестите маси. За изградба на потпорни ѕидови е потребно да се извршат детални геотехнички истражувања, да се изработи соодветна техничка документација за санација па потоа да се реализира - пишува во писмениот документ на  Градежниот институт ,,Македонија,,.

Појавата на бројни одрони на карпи и земја во Велес е честа, посебно во врнежливиот период.  Таа  е закана за безбеднсота на луѓето и имотот, посебно што поголемиот дел од Велес, е располсан во ридест и карпест дел.    Според стручните лица, одронот е резултат на ерозвиното дејство на карпестиет маси, кои од буиците на атмосвферска вода, депонираат грусен материјал.  

Причината за ова е немањето на  соодветна атмосферска канализиција, со која би се регулирале површинските води во градот.Токму поради опомената добиена од стручњаците, беше повод првитот човек на локалната власт да најави дека, нема повеќе делење на материјал на рака, со кои потоа граѓаните сами ги градеа потпорните ѕидови.    

Изминатата недела имавме случаи кога повеќе потпорини ѕидови , изградени од граѓаните се срушија. Среќна околност е што немаше повредени, додека имаше поголема материјална штета. Оштетена  е водоводна и канализациона мрежа, оштетни патишта. Овие ѕидови се градени без стручен надзор, без докуметнација, со материјал даден од општината. Затоа ќе прекинеме со оваа пракса и нема да се доделува градежен материјал, со кој потоа сами граѓани ќе градат. Се што ќе се работи отсега натаму,  ќе биде  со документација и стручен надзор - изјави градоначалникот Славчо Чадиев.

 Немањето на атмосферска канализација, во  одредени делови на градот, каде се случува протек на големи количества атмосферска вода, создава проблеми во редовното одвивање на животот. Материјалот од седиментите карпи, кои се испукани и распаднати се акумулира со водените буици,  кои потоа ги носат по улиците на градот и ги поткопува другите карпите и земјата во делови на  Велес. Тоа резултира со чести случаи на паѓање на земја и карпи врз куќите во градот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »