речник контакт

Општинскиот Црвен крст на Велес отвори телефонски линии за психолошка прва помош, по заканата од корона вирусот

Помош може да побараат жителите на Општина Велес, Чашка и Градско

Петар Печков

Општинскиот Црвен крст за Велес започна да нуди нова услуга за жителите на велешко. Од денес 18-ти март, среда,  отвори телефонски линии за укажување на психолошка прва помош, под заканата од корона вирусот.

Лицата кои имаат потреба од овој вид на услуга, поради многубројните информации кои секојдневно ги добиваат, а истите може да предизвикаат чувство на паника или страв, можат да се јават телефонски и да добијат соодветна психосоцијална поддршка - стои во информацијата на ОО на Црвен Крст Велес. 

За психолошка прва помош  можат да се јават  граѓаните од Општините Велес, Градско и Чашка. Телефоните кои се отворени во два термини  од 10 до 12 ч и од 18 до 20 ч. се:  076/278-178 и 078/317-035. Психолошката прва помош ја даваат двајца волонтери, дипломирани психолози, кои имаат поминато и обука за психолошка помош. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »