речник контакт

Општинскиот Црвен крст на Велес со пакети храна, за семејства кои останаа без работа поради кризата со корона вирусот

Храна граѓаните и фирмите може да донираат во просториите на Интернатот

Петар Печков

Тимовите на Општинската организација на Црвен крст од Велес денеска беа ангажирани за распределба на хуманитарни пакети.

Помошта се состоеше во храна: брашно, зејтин, шеќер, шпагети, макарони, супи, ориз, грав, леќа, млеко и паштети добија шест фамилии,  кои во изминатиот период останале без работа, семејства во социјален ризик и самохрани родители.

Пакетите беа поделени пет во Велес и еден во Градско.

Од Општинскиот црен крст  апелираат до сите граѓани и компании,кои сакат да донираат храна дека истото може да го направат во просториите на интернатот „Лазар Лазаревски“ бидејќи има зголемување на бројот на семејства кои поради кризата останаа без егзистенција а беа вклучени во  т.н. „сива економија“.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »