речник контакт

Општинскиот фудбалски Куп за ФК Илинден од Башино село

Во четврт-финалето на футсал Купот КМФ Велес славеше во Штип

Петар Печков

Вчера попладне на помошното фудбалско игралиште во Градски парк се одигра финалниот натпревар од Општинскиот фудбалски Куп. Се сретнаа ФК Башкими од Горно Јаболчиште и ФК Илинден од Башино село. Во регуларен дел средбата заврши без голови а на пенали славеше Илинден со 5:4 со што го освои Купот и ги продолжува натпреварите натаму, со велешките екипи од Трета лига Центар.  ФК Илинден постои од 1955-та година и ова му е четврти освен Куп во исто толку финалиња, во 2004-та,2008-ма, 2017-та и 2019-та. Интересно е што во финалето во 2008-та се сретнаа истите противници ФК Илинден и ФК Башкими , и тогаш славеа башиноселци.  

Вчера се одигра и четврт финалната средба од футсал Купот, каде со амбиции да го освои настапува КМФ Велес. Во Штип против Мал Ајакс велешани славеа со 4:7 и се пласираа во полуфиналето, заедно со екипите на КМФ Железарец, КМФ Шкупи 1927  и КМФ Шкупи. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »