речник контакт

Општинските буџети, збир на желби далеку од финансиските можности на локалните власти

Истражување како се полнеле општинските Буџети, планирале и трошеле народните пари во деветте општини од Вардарски плански регион во периодот 2013-2017-та година

Петар Печков

Општинските Буџети најчесто се збир на желби, а далеку од финасиските можности на локалните власти. Ова беше кажано на денешото објавување на податоците од истражувањето за реализирањето на Буџетите во општините од  Вардарскиот плански регион.   

Заклучок е дека постои се поголем расчекор помеѓу планираните и реализираните буџети на општините од Вардарски плански регион во периодот од 2013 до 2017 година(истражувањето се однесува на општините Велес, Кавадарци, Неготино, Свети Николе, Градско, Росоман, Лозово, Чашка, и Демир Капија).

Во овие пет години планираниот Буџет во сите девет општини споредбено 2017-та со 2013-те се зголемил за 15 милиони евра.  И додека планираниот буџет на  сите општини е во континуиран пораст,  реализацијата на буџетот има крајно променлива динамика и не го следи неговото темпо.   

Реализираниот буџет на општините во 2017 се зголемил за само четири и пол милиони евра во споредба со 2013 година иако било планирано да се зголеми за 15 милиони евра. Поради тоа  60 милиони евра испланирани пари од сите девет општини во последните пет години останале нереализирани.

Во последната анализирана   година 2017-та општините од Вардарски плански регион најслабо го планирале и реализирале буџетот во споредба со претходните четири години. И во таква состојба  една третина од планираните буџети на сите девет општини од Регионот во 2017 година останале нереализирани.

Оваа година 2017-та има  највисок процент на нереализирани средства во однос на сите пет години.  Општините  од Вардарски плански регион  во 2013 година реализирале 84%, додека во  2017  само 67% од планираните буџети. Со тоа, просечната реализација на буџетите од 2013 до 2017 година опаднала за 17 проценти.

Просечен процент на реализација на сите општини за сите години е 75%. Општина Росоман најдобро го планирала и реализирала буџетот во сите пет години, а најслабо тоа го правела општина Демир Капија. Помалите општини во Вардарски плански регион издвојуваат повеќе средства по глава на жител од поголемите.

Локалните валсти  планирале да потрошат по 100 евра повеќе по глава на жител отколку што реализирале просечно во сите пет години. Општините Демир Капија, Градско и Росоман реализирале најмногу пари по глава на жител, додека Општините Велес, Кавадарци и Лозово потрошиле најмалку средства за секој граѓанин кој што живее на нивната територија.

Општина Велес како најголема општина во Регионот, пак потрошила најмалку пари по глава на жител во периодот од 2013 до 2017 година. 

Oва истражување беше направено во рамки на проектот „Едуцирани и информирани граѓани предуслов за транспарентни институции“ спроведено од ,,Активо,, и  Фондацијата Отворено Општество – Македонија и Евротинк – Центар за европски стратегии, а финансиски поддржан од Европската Унија.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »