речник контакт

Организацијата на жени од Велес со делење заштитни маски во кампања против насилството над жените

„16 дена активизам против насилство врз жените”

Петар Печков

Со делење на заштитни маски со напис „Стоп за насилство”, Организацијата на жени од Велес, ја продолжи  кампањата „16 дена активизам против насилство врз жените”. Како дел од таа активност е делењето на заштитни маски.

Денес  добија припадниците на СВР Велес,вработените во Центарот за социјални работи Велес,   членовите на Советот на Општина Велес и вработените во локална власта. беа поделени одреден  број на заштитни маски за овие лица.    Наредните денови ќе се поделат заштитни маски во училиштата, во градинките, во здравствените  институции.
 
Кампањата не се само овие 16 дена. Ние работиме преку цела година, 365 дена работиме. Имаме канцеларија за бесплатна првна помош, каде има правник и секоја жртва може да се јави на телефонот 070/ 65-418.  Пред една година отворивме прифатилиште  за сместување на жртви на семејно насилство - кажа Мирјана Трајкова претседател на ОО на  жени на Велес.   
    

Кампањата ја реализираат во соработка со Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените при Општина Велес, а која од општинскиот буџет издвои 600.000 денари за набавка и печатење на заштитните маски.

„16 дена активизам против насилство врз жените” е глобална кампања која за првпат е организирана во 1991 година од Институтот за женско глобално лидерство. Годинава  оваа Кампањата во земјава започна на 25 ноември, на Меѓународниот ден за борба против насилство врз жената, а ќе заврши на 10 декември, кога се одбележува Меѓународниот ден на човекови права.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »