речник контакт

Оризот се враќа по велешките полиња, иако цената паѓа

За десет години површините се зголемија од 60 на 200 хектари а цената од 25 падна на 18 денари по килограм

Петар Печков

Оризот се враќа по велешките, ако пред десет години според подрачната единица на Министерството за земјоделие во Велес бил засеан на 60 хектари, во 2016-та 96 ха. лани го имало на 200 хектари. Пред 30-тина години оризот се огледуваше на 500 хектари во велешко, сега на многу помалку, но од година во година површините  растат.

Велешкиот регион, после кочанскиот е втор по големина каде се одгледува оваа житна култура.  Оризот- „белото злато,, минатата есен богато роди во велешко, во  селата Лисиче, Еловец, Чашка,  Голозинци.  Иако површините растат, цената опаѓа, што ги обесхрабрува земјоделците.

Имавме родна година, квалитетен ориз, но ниска откупна цена.  Цената беше 17 денари за килограм, минус еден за  транспорт на оризот.  А имав род од 500 кг од 20 декари.  Само пред две години цената беше 20 денари. Не знам зошто но  таа паѓа. Кршот, лошиот ориз го откупуваат за 13 денари,  и разликата во цената е 4 денари што е  недозволиво. Плаќањето на откупениот ориз е за пет дена и нема проблеми. Површините со ориз се зголемуваат а цената паѓа   - кажа Благој  Јанковски кој 60 години ја одгледува оваа култура , како и неговиот татко и дедо.

Ова им била семејна традиција. Цената на  Градскиот пазар на мало на лисичкиот ориз е 60 денари, наспроти кочанскиот кој е 80 ден за кг.   Државата дава субвенции, 600 денари од декар засеан со ориз.    

Објаснува дека цената ја определувале откупувачите.  Начинот бил едноставен,  бидејќи оризот го  продаваат како  арпа,  откупувачот на специјално машинче го обработува,  сто грама го бели  и во зависност од тоа колку ќе покажело апартчето проценти, таква цена се формирала.     Незадоволен од цената Благој  најавува  дека наместо ориз годинава ќе засади тутун, кој имал одлична цена. 

На дилемата зошто површините со ориз се зголемуваа иако  оризарите се незадоволни поради откупната цена,  тие објаснуваат дек причината е што им е решен проблемот со вода. По изградбата на езерото Лисиче, реката Тополка е со постојано ниво и ги задоволува нивните потреби. Така што  освен што ХС Лисиче трајно го реши проблемот на Велес со вода за пиење, сега  има можност за вклучување на нови корисници по течението на Тополка и  по должината на цевководот. Земјоделците од вишокот на вода освојуваат  нови и ги зголемуваат  постојните земјоделски површини. 

Добар принос извадивме а за цената. Секогаш тој што продава му е малку, тој што купува му е многу.  Цената е ниска се движеше помеѓу 17 и 20 денари, мене откупеното ми го платија за пет дена. Извадив околу 800 кила- рече  Панче Андовски од село Лисиче.  

На некои површини, лани во октомври поради врнежливиот период и калливата земја, жнеењето беше рачно со срп, поради тешките услови за работа на механизацијата и полегнатиот ориз. За Благовец е почетокот на сеидбата. Очекуваат добра година, со богат род но и повисоки цени, барем до 25 денари како што било пред  не така дамна, пет години.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »